Ова е најчувствителниот хороскопски знак, сè може да го направи емотивен

Ако има еден хороскопски знак кој треба да добие Оскар за најдобра изведба на емоции во реалниот живот, тоа е дефинитивно Рак. Овие чувствителни поединци не само што длабоко ги чувствуваат сопствените емоции, туку и ги доживуваат туѓите емоции како да се нивни. Ако случајно видите некој во близина како ги брише солзите додека гледате реклама за марамче, голема е веројатноста дека имате работа со Рак.

Зошто се толку чувствителни?

Раковите се деца на Месечината, што значи дека нивните емоции се непостојани како плимата и осеката. Еден момент се среќни и весели, а во следниот седат завиткани во ќебе, слушаат тажни песни и се сеќаваат на некој далечен момент од минатото. Нивниот ум е како кутија со спомени, се е складирано, од првиот бакнеж до моментот кога случајно ја скршиле омилената кригла на баба им. Секоја ситница може да ги расплаче, од нечиј љубезен гест до помислата на мачка што ја виделе пред три години на улица.

Раковите се емотивни за сè. Ако го гледаат филмот, веројатно ќе заплачат на почетната сцена. Романтични комедии, драми, па дури и цртани – сите тие удираат директно во срцето. Исто така, Раковите може да почнат да плачат ако видат пријател од минатото. Тие се особено чувствителни на животните и ќе плачат ако видат некое напуштено животно.

Нивните емоции се она што ги прави посебни

Иако нивната чувствителност понекогаш може да изгледа премногу, Раковите се вистински ангели чувари на емоциите. Тие се оние кои ќе ве прегрнат кога сте во најлошото, ќе ги слушаат вашите грижи без осудување и ќе плачат со вас кога ви треба сочувство. Нивната неверојатна емпатија ги прави совршени пријатели и партнери, ако можете да се справите со повремените емоционални поплави.

Ако живеете со Рак, секогаш имајте при рака кутија марамчиња, ќе ви требаат. Немојте да се изненадите ако ги најдете како гледаат во Месечината низ прозорецот додека слушаат носталгични песни. Тоа е нивниот начин да најдат рамнотежа во хаосот на чувствата.