Ова е најчудната фудбалска лига во светот: Учествуваат само два клуба и играат 18 меѓусебни дуели – причината е неверојатна!
Фудбалска лига како ниедна друга во светот! Во неа учествуваат најмал можен број клубови – само два. Причината е фактот што ги нема повеќе! На крајот на краиштата, целиот остров Сили има само 2.000 жители.
Местото каде што се случува ова ретко дејство е остров кој се наоѓа на југозападниот дел на Англија и има статус на Унитарна управа.
Со оглед на тоа дека не им е исплатливо да патуваат и да играат во 8-ма или 9-та лига на Англија, решиле да основаат своја лига. А таа лига ги брои сите клубови од малиот остров, поточно – Wolfpack Wanderers и Garrison Gunners.
Тие две екипи играат 18 меѓусебни натпревари, а се среќаваат и во натпревар од Суперкупот, како и натпревар од Купот на лигата.
На крајот ќе додадеме дека Wanderers се поуспешни, имаат повеќе трофеи и се актуелни шампиони во Сцили лигата.
Ова натпреварување ја претставува најмалата фудбалска лига на планетата бидејќи има само два тима.