Легендарниот музичар Елтон Џон во март го прослави својот 78 роденден, а веќе подолго време се бори со сериозни здравствени проблеми.
И самиот е свесен дека здравјето му е загрозено и дека го чека силна борба.
Еден од проблемите го снашол во текот на летото. Тешката инфекција на окото, која го остави слеп на десното око во јули, влијаеше и на неговиот вид на левото, кој беше значително ослабен.
„Не знам уште колку време ми преостанува“, искрено изјави Елтон , кој во последните години ги имаше сите можни здравствени проблеми, а меѓу другото, во 2017 година му беше дијагностициран рак на простата, кој на крајот беше отстранет. По несреќниот пад ги повредил колкот и двете колена, по што следеле комплицирани хируршки зафати и долго закрепнување. Последиците се уште не се санирани, а и четири години подоцна едвај оди.
Соочувајќи се со овие бројни проблеми, музичарот истакна дека најважно му е времето да го поминува со семејството.
“Сакам моите деца да бидат среќни, да имаат убав живот… На мојот надгробен споменик пред сè треба да пишува “тој бил голем татко”. Тоа е моето наследство”, изјавил тажно Елтон.
Во декември 2005 година, Елтон склучи граѓанско партнерство со канадскиот режисер Дејвид Фурниш (56), а во март 2014 година се венчаа. Двојката има два сина – Захарија (8) и Илаија (6).