Ова е новата девојка на Аца Лукас!? Атрактивната русокоса го фрли пејачот во сенка, а длабокото деколте ги привлече сите погледи! (ФОТО)

Ацо Пејовиќ синоќа во еден луксузен хотел во Белград го прослави 18-от роденден на својата најмлада ќерка Ива, а на овој настан се појави и неговиот колега Ацо Лукас, кој беше придружуван од неговата нова девојка, згодната русокоса.

Таа не сакаше да позира за фоторепортерите со популарниот фолкер, но тамошните медиуми успеаја да ја ,,фатат” додека го чекаше на страна со луксузен букет во рацете. Меѓу присутните имаше гласини дека таа е неговата нова избраничка, иако немаше официјална потврда.

Да потсетиме, прославата на ќерката на Пејовиќ беше организирана во хотел во Белград, а бидејќи на прославата имаше голем број пејачи, добрата атмосфера е загарантирана.

Пејовиќ, покрај Ива, има уште две ќерки Магдалена и Марија и често истакнува колку е горд на сите три.

Славеничката пристигна во раскошен долг фустан во бордо боја, кој одлично и’ прилегаше, а она што сите го забележаа е ланчето околу вратот. Станува збор за ланче на брендот „Van Cleef & Arpels“ кој чини неверојатни 9.500 евра, како и обетки од 3.000 евра.