Ова е омилениот десерт на Јелена Ѓоковиќ: Здрава кремаста торта без шеќер е апсолутно вкусна, а готова е за само еден час! (фото)
Доктор по економски науки, мајка, директорка на хуманитарна фондација и сопруга на најдобриот светски тенисер Јелена Ѓоковиќ е вистинска дама за пример. Позната по својата здрава исхрана, мајката на Стефан и Тара е инспирација за многу домаќинки кога станува збор за подготвување оброци. Со години заедно со Новак не консумира месо, а за многу намирници кои повеќе не ги користи, најде соодветна замена. Една од омилените колачи на Јелена е оваа посна, кремаста фантазија.
Неопходно е:
- 200 гр какао путер
- 2 лажици кокосово масло
- 150 гр какао во прав
- 3 лажици јаворов сируп
- 1 лажичка лецитин
- прстофат сол
- кокосово или бадемово млеко
За фил:
- 100 гр какао путер
- 1 лажица кокосово масло
- 3 лажици јаворов сируп
- 1 лажичка лецитин
Подготовка:
Растопете какао путер со кокосово масло. Додадете какао во прав, јаворов сируп, лецитин, сол. Потоа смесата поделете ја на два дела, па во едниот дел истурете неколку лажици растително млеко и убаво измешајте. За филот растопете ги путерот од какао и кокосовото масло, додадете јаворов сируп и лецитинот, па измешајте. Со лажица извадете малку од сите три смеси и наредете ги во калапи за мафини или чашички. Калапите или чашичките оставете ги во замрзнувач 30 минути за добро да се стегне колачот.