За богат љубовен живот потребна е имагинација и некое вам омилено место во вашиот или неговиот дом.
Кога станува збор за водењето љубов, постојат многу сомнежи и предрасуди со кои се соочуваат и оние парови кои се во врска и брак, но и оние кои штотуку започнале врска.
Терапевтите кои се занимаваат со сексуалните активности и навики на паровите согласни се дека водењето љубов не треба и не мора секогаш да е меѓу четири ѕида, во спалната соба.
Еве што велат, каде е највозбудливо да се води љубов.
Повеќето секс терапевти ќе нагласат дека идеалното место за секс во домот е релативен термин, секој има свое мислење, бидејќи покрај спалната соба има и други простории во кои луѓето се спонтано интимни. Помладите генерации имаат омилена соба во која најмногу се релаксираат.
Најдобро место за секс
Истражување спроведено од „Skin Condoms“ покажало дека 78% од 18 до 34 години имаат интимни односи во дневната соба.
Софата која е централното место на нивниот престој е супер практична и за интимни игри. Спонтаноста доаѓа со заедничко гледање на вашата омилена серија или филм.
Други „жешки“ места за интимност се тушот (74%), потоа автомобилот, некаде на отворено и плажата, пишува „Woman’s Health“.