Ова е она што сите го чекаа! Цеца и Жељко Јоксимовиќ ги вкрстија гласовите, мрежите се запалија: „Вени да исечиш“ (фото/видео)

Музиката на балканската сцена од денеска е збогатена со уште една песна која се заканува да стане незаборавен хит. Двете балкански ѕвезди Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Јоксимовиќ ги здружија силите и напорно работеа на песната „Повеќе од среќа“ од Дуце, која денеска ја здогледа светлината на денот.

Овој проект не се случи преку ноќ. Жељко и Цеца со месеци внимателно го подготвуваа секој детаљ за да се погрижат песната да биде совршена. Тие вложија многу труд и енергија, од компонирање музика и пишување текстови до студиско снимање и продукција.

И двајцата артисти се познати по својата посветеност и перфекционизам, па не е ни чудо што се очекува „Повеќе од среќа“ да биде песна што ќе се слуша со генерации. Текстот и музиката ги напиша Милош Рогановиќ, а аранжманот и продукцијата Жељко Јоксимовиќ, додека директор на фотографија и видео директор беше Милош Надаждин.

– Работењето на оваа песна беше исклучително инспиративно. Цеца е неверојатен професионалец и исклучително талентиран уметник. Нашата соработка се одвиваше во прекрасна атмосфера и мислам дека успеавме да создадеме нешто посебно – изјави најпопуларниот регионален композитор и поп изведувач Жељко Јоксимовиќ.

Од друга страна Цеца Ражнатовиќ истакна колку и’ значи оваа соработка.

– Жељко е мултиталентиран музичар! Перфекционист, одличен пејач, комплетен уметник. Работата со него беше големо задоволство. „Повеќе од среќа“ е песна која носи силна емоција и верувам дека публиката ќе ја препознае и ќе ја засака – заврши Цеца.