Пролетта не доаѓа само со придобивки за луѓето, како што се: подолги денови, потопли температури, повеќе време поминато надвор со пријателите и семејството итн.
Се чини дека пролетната сезона е она време од годината кога луѓето почнуваат да консумираат повеќе преработена храна и помалку да одат во теретана.
„Овој ефект е посилен кај луѓето кои редовно одат во теретана“, вели Ришика Ришика, професорка на Државниот универзитет во Северна Каролина.
„Луѓето кои имаат редовен распоред за вежбање се погодени од промената на времето. Овој негативен ефект на подолгите денови и топлото време е уште еден поттик да не се затворите во теретана, туку да уживате во друга активност“.
Двете студии беа објавени во Journal of Marketing овој месец, при што едното ги испитува навиките во исхраната, а другото ги испитува навиките за вежбање.
Во првата студија, истражувачите работеа со американска компанија за пакувана храна за собирање податоци за потрошувачите помеѓу 2004 и 2010 година. Сите учесници користеа мобилен телефон за да ја снимаат храната што ја јаделе во период од две недели.
Во втората студија, истражувачите соработуваа со национален синџир на спортски сали што обезбеди податоци за тоа колку луѓе оделе во теретана во текот на пролетната сезона, бидејќи времето се загревало и деновите станувале подолги.
Двете студии ги докажаа претпоставките на професорите дека летното сметање на времето и долгите денови целосно влијаат на здравите навики на луѓето.
Ова не е прва студија која ги покажува негативните ефекти на летното сметање на времето и како тоа влијае на состојби како што се депресија, анксиозност и сезонско афективно растројство, според „Harvard Health Publishing“, цитира Anabel.
Се чини дека доцнењето на темнината има уште една последица: нарушување на производството на мелантонин, што го отежнува телото да се одмори и да спие на одреден распоред.