ОВА Е ПРВАТА ОБЈАВА НА ТВИТЕР – Популарната социјална мрежа го слави својот 17. роденден, а ова е најстарата објава на неа!

Социјалната мрежа Твитер е многу популарна и на оваа платформа често се објавуваат интересни теми и се отвараат уште поинтересни дискусии, а многу луѓе таму ги откриваат своите искрени мислења за актуелните случувања во светот.

Твитер денеска го слави својот 17-ти роденден, а беше ко-креиран од Џек Дорси, Еван Вилијамс и Биз Стоун, а токму на овој ден беше и лансирана на Интернет а воедно беше објавен и првиот твит односно објава:

Само што ја објавив мојата прва објава“, е пораката што еден од основачите Џек Дорси ја објави на својот профил а воедно тоа е и првата објава на популарната социјална мрежа.

Интересно, истата објава беше продадена како NFT во 2021 година за 2,1 милиони долари. Сепак, бидејќи пазарот на NFT и криптовалутите е полн со промени, вредноста на овој NFT падна под 7000 долари во моментот.

Твитер ги промени сопствениците минатата година, кога милијардерот Илон Маск го купи за 44 милијарди долари. Оттогаш, социјалната мрежа помина низ бројни промени, главно фокусирани на функционалноста и услугата за претплата.