Ова е приватниот авион што го однесе Јокиќ во Белград: „Летечка тврдина“ вредна 50 милиони евра

Сопственикот на Денвер Нагетс го стави на располагање својот авион за својот најдобар играч.

По освојувањето на титулата во НБА лигата , каде што доминираше и беше прогласен за МВП, Никола Јокиќ пристигна во Сомбор, северна Србија, каде ужива во мирот и тишината со семејството и коњите и каде присуствуваше на традиционалните коњски трки.

Јокиќ пристигна во Србија со приватен авион, за да може и да присуствува на прославата организирана во Денвер, а потоа и во Лас Вегас, но и да не доцни на трките на кои учествуваат неговите коњи.

Јокиќ уште по освојувањето на титулата, во првото интервју најави дека си оди дома, а на прес-конференцијата се изнервира кога дозна кога е прославата на улиците на Денвер, бидејќи не беше сигурен дека може да направи тоа на трките во Сомбор. Потоа најави дека ќе побара од сопственикот на клубот да му го позајми приватниот авион, а токму со приватен авион конечно дојде во Белград.

Јокиќ дојде со „Bombardier Global 6000“ во сопственост на Стен Кроенке. Овој модел достигнува опсег на крстарење од 11.000 метри, може да прими најмногу 19 патници, опремен е со напредна технологија и луксузни удобности, вклучувајќи пространа кабина, брз интернет, галија…

Авионот може да лета 17 часа без застанување, што е најмногу во споредба со конкурентите меѓу приватните авиони, а неговата максимална брзина е 1.090 километри на час.

Должината на самиот авион е 30 метри, распонот на крилата е 28 метри. Цената на оваа „летечка тврдина“ е околу 50 милиони евра.

Токму со овој авион Никола Јокиќ пристигна во Белград директно од САД, по бурното време во Лас Вегас, каде тој и неговите соиграчи славеа до доцна во ноќта.