Ова е причината за смртта на Драган Марковиќ Палма! Пред неколку месеци му беше дијагностицирана болест
Пред пет дена Палма направил проштална вечера за семејството и неколку пријатели, бидејќи почувствувал дека е крајот.
По кратко боледување синоќа на 65-годишна возраст почина Драган Марковиќ Палма. Пред неколку месеци му беше дијагностицирана тешка цироза на црниот дроб.
Информацијата за тешката болест ја откри главниот уредник на порталот Информер, Драган Ј.Вучиќевиќ.
– Пред неколку месеци на Палма му беше дијагностицирана тешка цироза на црниот дроб. Се бореше, секаде бараше лек, но за таа болест немаше лек. Никогаш не испил чашка алкохол, велат неговите пријатели, а ни јас не сум го видел да пие, но болеста не бира… – изјави Вучиќевиќ.
Пред пет дена Палма направи проштална вечера за своето семејство и неколку пријатели, бидејќи почувствува дека е крајот.
Да потсетиме, Драган Марковиќ Палма, предводникот на Обединета Србија,
ја изненади јавноста со својата целосна физичка трансформација. Како што неодамна откри, ослабе повеќе од 30 килограми.