“ОВА Е РЕАЛНОСТА!“ – Мрачно и шокантно предупредување од Виктор Орбан: “Европската унија е како стар боксер – се фали со шампионски појас, но нема да влезе во рингот!“

Европската унија е како стар боксер кој на сите им го покажува шампионскиот појас, но одбива да влезе во рингот“, изјави денес премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, говорејќи на летен студентски камп во Романија.

Според премиерот на Унгарија, Европската унија сега се претвора во „богата, но слаба“ заедница од 27 држави кои се вознемирени и се плашат од конкуренција со другите светски центри на моќ.

Ова е реалност“, нагласил Виктор Орбан и додал дека во ЕУ владее страв и чувство на изолација.

Европската унија е како стар боксерски шампион кој го покажува шампионскиот појас, но повеќе не сака да влезе во рингот. Сето тоа доведе до економска, политичка и културна изолација, како во гето“, изјавил претседателот на унгарската Влада, чиј говор го пренесе ТВ каналот М1.

Виктор Орбан вели дека – „ЕУ околу себе гледа збунувачки свет и многу гладни усти кои треба да се нахранат, а во исто време и прекумерна потрошувачка“.

Тој смета дека ЕУ ќе се соочи со големи тешкотии, а изгледите се мрачни.

Унгарскиот премиер потсетува на прогнозите на ММФ дека до 2030 година Италија и Франција ќе ги загубат местата во првите 10 економски развиени земји во светот, а Германија од четвртото ќе се пресели на десеттото место.