Ова е сопругот на Сања Кужет кој со години го крие од јавноста! Водителката сега го покажа јавно, а за тоа има важна причина (ФОТО)
Познатата водителка на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет ги спакува куферите и заедно со сопругот се упати кон Ровињ.
Сања често го покажува својот сопруг во јавноста, но во оваа прилика мораше, бидејќи денес е многу важен ден за нив
Како што напиша во описот на фотографијата на која позира покрај море, денес се навршуваат девет години од нивниот брак.
Иако не сака да зборува за својата врска, Сања Кужет еднаш откри дека нивната љубовна приказна започнала во средно училиште.
– Бевме во врска во раните дваесетти. Кога повторно се сретнавме десет години подоцна, ги прескокнавме воведите и предрасудите, па сè беше полесно. Доволен е еден поглед за да се разбереме, без премногу објаснување и трошење енергија на ситни работи – изјави своевремено Сања Кужет, која останува доследна на својата одлука да ја задржи приватноста во блискиот круг на семејството и пријателите.
– Направив пресек меѓу приватниот и деловниот живот. Сите мои профили на социјалните мрежи се деловни, тоа е нашата заедничка желба. Тој дел од животот е во нашите срца. Не би сакала да изнесувам премногу од себе – изјави во една прилика таа за локалните медиуми.