Ова е Србинот кој беше прегазен од Македонец во Братислава! Излегол да му помогне на колега, а камион го покосил: Семејството е скршено (ФОТО)
Ненад Николиќ (42) од Баново поле кај Сремска Митровица загинал синоќа во страшна сообраќајна несреќа што се случила на автопатот во Братислава, кога во него удрил камион со македонски таблички, при што несреќникот починал на место! Како што дознава српскиот портал Курир, до трагедијата дошло кога Ненад излегол од камионот за да му помогне на својот колега, исто така камионџија.
Ненад застанал кога видел дека на автопатот е паркиран камион со српски регистарски таблички. Застанал и му пришол на колегата мислејќи дека му е потребна помош за да ја смени гумата. Кога завршиле, тој отишол да го земе триаголникот и потоа, не се знае како, излегол на автопат кога во него удрил камион со македонски таблички – потврдил пријател на жртвата Ненад.
Како што велат, сè се случило набрзина, а сите што се нашле во овој момент на автопатот недалеку од Братислава биле изненадени од сцената.
– Одеднаш немаше помош, човекот почина на лице место и беше ужасно. Искрено сочувство до неговото семејство. Ова е голема трагедија – додаде соговорникот.
Инаку, Ненад е разведен и има син од тој брак, пријателите велат дека семејството на починатиот е уништено од болка.
– Ни беше тешко кога требаше да го известиме неговоро семејство. Нема полошо чувство, човек оди на пат и очекуваш да се врати, но го нема. Тага – истакна пријателот на Ненад.