Потресни сцени со трагичен епилог!
Репрезентативецот на Панама, Жилберто Хернандез, (26) е убиен во пукотница што се случила во неделата во провинцијата Колон, Панама.
Осум лица беа ранети, а Хернандез, за жал, им подлегна на повредите.
Неколку дена по крвавиот пир, медиумите од Панама објавија видео од нападот. Двајца напаѓачи излегле од таксито и почнале да пукаат кон група луѓе, меѓу кои бил и несреќниот дефанзивец на Атлетико Индепендиенте.
Ве предупредуваме, видеото содржи крајно вознемирувачка содржина:
Тамошните медиуми претпоставуваат дека фудбалерот е убиен од нарко-картел, а не се знае дали тој бил цел на нападот, или некој од негово друштво.