„Ова е тажно, се надевам дека ќе добие стручна помош“: Видеото на Џастин Бибер што кружи на интернет ги загрижи фановите!
Џастин Бибер им свиреше во живо демо на нови песни на своите следбеници на Инстаграм, а клиповите го преплавија X и другите социјални мрежи. На снимката Бибер е без кошула, со вдлабнати очи и пијан додека пушта музика и се ниша.
Во еден момент ставил и ќебе преку глава, а поради вознемирувачкото однесување многумина коментирале дека изгледал како да се дрогирал.
„Му треба помош“
„Ова е загрижувачко. Се надевам дека ќе добие стручна помош“, „Ова е многу тажно“, „Не е добро и тоа е толку очигледно“ и „Се надевам дека ќе добие помош…ова не е во ред“ и „Му треба помош“, се дел од коментарите на фановите.
Набргу по лајвот на Инстаграм, неговиот профил беше деактивиран, но моментално повторно е активен. Џастин Бибер веќе некое време ги загрижува фановите со својот изглед и однесување. На почетокот на март, тој објави фотографии на кои пуши нешто што изгледа како бонг додека седи на електричен велосипед, а неодамна рече дека има „проблеми со гнев“ и дека не се сака себеси кога чувствува дека станува „неавтентичен“.