Ова е ,,таткото од пеколот!” Со години си го чувал детето во када: Ниту оди, ниту зборува! Монструозен чин (ФОТО)
Цела Србија ја потресе случајот на семејното насилство, кое вчера беше разоткриено во белградската населба Мириево.
Урош П.(38) е во бегство од петокот, кога партнерот (47) го пријавил за насилство врз неа и неговата ќерка (8).
Како што дознаваат локалните медиуми, девојчето, чиј татко со години ја држел заробена во када, била спасена во последен момент кога две полицајки упаднале во стан на првиот кат од станбена зграда во Мириево на крајот од минатата недела.
Потоа го пронашле детето во бањата во тешка состојба, како лежи во када. Девојчето било толку изгладнето и дехидрирано што едвај давало знаци на живот.
Грозоморното малтретирање било откриено на 24 март кога девојката на осомничениот, пријавила дека тој ја претепал, а потоа ја шокирала полицијата кога и’ кажала дека ја чува нејзината ќерка како заложеник во стан на Ѕвездара.
Според написите на медиумите, таткото наводно се опоравил од зависност, па судот одлучил дека тој е способен да се грижи за својата ќерка.
Очевидци кои биле сведоци на извлекувањето на детето од зградата од страна на полицијата велат дека детето едвај живо било изнесено од ,,станот на пеколот”. Како што неофицијално дознаваме, тој со години го чувал детето во када во стан кој ужасно мирисал.
Соседите изјавиле и дека преку прозорецот од бањата слушнале плачење и лелекање на девојчето, а во последните три години трипати повикале полиција.
Според очевидци, детето ниту зборува ниту оди.
Во врска со овој случај, Центарот за социјална работа во Белград, отсек Звездара, соопшти дека во врска со случајот со запоставување на осумгодишно девојче во Мириево, покренале постапка за одземање на родителското право на двајцата родители по нејзиното раѓање, но дека надлежниот суд подоцна донел решение дека детето треба да се врати кај родителите.
Како што е наведено во одговорот на Центарот за социјална работа, одделението Палилула, а потоа и одделението за Ѕвездара постапувало во случајот со малолетничката од нејзиното раѓање, кога од родилиштето каде што е родена, алармирале дека родителите не се способни да се грижат за детето.
Откако овој човек, кој е осомничен за грозоморно дело, ќе биде лишен од слобода, ќе биде приведен по наредба на дежурниот заменик јавен обвинител а во законскиот рок ќе биде сослушан за околностите на кривичните дела кои му се ставаат на товар, а потоа обвинителството ќе ја спроведе доказната постапка за што јавноста ќе биде навремено информирана.