Ова е тајната на долговечноста на Клинт Иствуд: Тој редовно прави три работи

Клинт Иствуд влезе во 95-тата година од животот, но според неговиот изглед и енергија тоа е тешко да се замисли.

Наместо скапи додатоци во исхраната, модерни третмани или ригорозни диети, овој холивудски големец се потпира на едноставни навики кои му помагаат да остане витален во подоцнежните години.

Тајната на Клинт Иствуд ? Редовна медитација, лесна физичка активност и исхрана со малку маснотии.

Иствуд се свртел кон поздрав начин на живот откако неговиот татко починал од срцеви заболувања на релативно млада возраст. Тогаш сфатил колку е важно да се одржува здравјето, не само за долговечност, туку и за бистра глава и внатрешна рамнотежа.

Иако минатата година режираше и продуцираше филм, на 94-годишна возраст, актерот не забавува. Неговото здравје е сè уште на прво место.

Медитација како секојдневна практика

Според неговиот биограф Шон Леви, Иствуд практикува Трансцендентална медитација секој ден, техника што ја користи од 1970-тите. Тој медитира двапати на ден, дури и додека снима филмови. Овој вид медитација вклучува тивко повторување на мантра и придонесува за ослободување од стрес, го подобрува сонот и ја промовира општата психофизичка благосостојба.

Ова е тајната на долговечноста на Клинт Иствуд: Тој редовно прави три работи

Леви го опишува Иствуд како човек на спротивности, додека во филмовите е познат по своите цврсти и груби ликови, во реалноста е смирен, дисциплиниран и фокусиран на внатрешниот мир.

Едноставна исхрана и умерена физичка активност

Иствуд со децении практикува исхрана со малку маснотии, богата со зеленчук и посни извори на протеини како пилешко и риба. Тој често јаде брокула и аспарагус, а слатките пијалоци ги заменува со обична вода. Еден од неговите принципи е таканареченото правило 90/10, во 90 проценти од случаите се храни здраво, а 10 проценти остава за повремени задоволства.

Тој не претерува ниту со тренингот. Наместо исцрпувачки вежби, тој претпочита голф, прошетки и вежби со низок интензитет. Кога крева тегови, правилната форма му е поважна од тежината. Таквиот пристап му овозможува да ја одржува мускулната маса и виталноста, без непотребно напрегање.

Животна филозофија слична на онаа на сините зони

Начинот на живот на Иствуд потсетува на филозофијата на долговечните заедници кои живеат во сини зони , делови од светот каде што луѓето живеат исклучително долг и квалитетен живот. Тоа се Окинава во Јапонија, Икарија во Грција, Никоја во Костарика, Сардинија во Италија и Лома Линда во Калифорнија.

Жителите на тие области се физички активни секој ден, јадат претежно растителна храна, јадат умерено и во согласност со чувството на ситост. Тие имаат јасна цел во животот, ги зачувуваат семејните врски и негуваат блиски социјални односи, што Иствуд го цени во својот живот.