Ова е тајниот напиток на Халанд! Фудбалерот им откри на обожавателите која е причината на неговиот успех – социјалните мрежи во ‘транс’ (фото)
Античките Гали имале магична напивка со која ги одбивале нападите на легиите на Стариот Рим. Барем така вели легендата за Астерикс и Обеликс.
Во реалниот живот, многумина се прашуваа која е тајната на магијата и продуктивноста на Ерлинг Халанд, кој оваа сезона постигна 45 гола за Манчестер Сити во сите натпреварувања.
Норвежанецот е вистинска машина за голови. Толку лесно ја тресе мрежата што реши да им ја открие својата магија на обожавателите.
„Јас и мојот магичен пијалок“, напишал Ерлинг Халанд, фотографиран со комплет шишиња млеко.
Сега јавноста конечно дозна дека целата магија се крие во обичното кравјо млеко, кое Норвежаните го пијат во големи количини секој ден.
Ерлинг Халанд е многу внимателен кога е во прашање исхраната. Тој ужива во лазањите што ги прави неговиот татко, некогаш исто така фудбалер, Алф Инге Халанд, а сега фудбалерот откри и дека сака да јаде месо, особено срце и црн дроб. Пие само филтрирана вода. И како што често нагласува, правилната исхрана е една од најважните компоненти на успехот.