Ова е тајниот трик на Цеца Ражнатовиќ: Вака пејачката ослабе 8,5 килограми

Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од било кога.

Цеца Ражнатовиќ неодамна откри како ја усовршила линијата.

– Својата линија ја доведов до совршенство, но без никакви ригорозни диети, без оние кои се боцкаат, со оземпик, чуда, која сега е многу популарна и многу опасна, нездрава и директно влијае на тироидната жлезда и панкреасот. Не треба да се игра со тоа. Бидејќи тој лек всушност го користат дијабетичарите. Не е ни важно. Едноставно решив да не јадам ништо после седум и да пијам само вода. И во една прилика реков понекогаш пиво. И тогаш ме прашаа како пијам пиво кога ме дебелее. Велам, не ме дебелее, ме сака пивото, но тоа е навистина тоа.

„Изгубив 8,5 килограми за еден месец“

– И јас успеав да го направам тоа и ослабев 8,5 килограми за еден месец, без ниту една секунда да гладувам, јадев што сакав. Најкасно значи 8:30, 8 навечер нема веќе внесување храна и ми се покажа. Тоа е како автофагија. А потоа сабајле станувам во 8, 9 и пол, појадок, почнувам со метаболизмот и тоа е тоа. И физичка активност. Тренирам или ако не стигнам со тренинзите, брзо одам по лентата за трчање за да го поттикнам телото и метаболизмот. Ако без престан лежите, метаболизмот не може да ви се забрза.

Ова е нејзиното мени

А вака изгледа диетата со чија помош таа ја доведе линијата до совршенство. За појадок јаде овесна каша со овошје и чиа семки, за ручек на масата има риба со зелена салата, додека вечерата е уште полесна – потаж од тиква.