Офицер на британската армија, кој чека судење за обвинение за тероризам, утринава избега од затвор во Лондон и во тек е голема потера по него.
Даниел Абед Калиф (21) бил во притвор откако поставил лажни бомби во воена база.
Тој побегнал од затворот Вандсворт околу 7.50 часот утринава.
Затворските службеници алармираат во Метрополитен полиција. Тој, наводно, прикрадно излегол од кујната и се закачил на комбе за доставување и на тој начин избегал.
Шефот на антитерористичката команда на Метрополитен полицијата упати итен апел за информации, при што сите пристаништа и аеродроми се на готовност.
Пристаништата и аеродромите во состојба на готовност
Калиф, кој е затворен поради обвиненија за тероризам и прекршоци според Законот за службени тајни, последен пат е виден облечен во бела маица, црвено-бели карирани панталони и кафени чизми.
Полицијата објави слика од Калиф, кој го опишуваат како тенок маж со кратка кафена коса, висок околу 185 сантиметри. Се наведува дека тој има врски со областа Кингстон и се верува дека најверојатно е или во областа Лондон во овој момент или веќе побегнал далеку.
,,Командата за борба против тероризмот издаде предупредување во врска со Калифа претходно денеска преку воспоставените канали за оперативни брифинзи од релевантните полициски и агенции за спроведување на законот во Велика Британија, вклучително и оние на пристаништата и границите на ОК“, се вели во соопштението.
Се обиде да извлече корисни информации за терористите
На крајот на јули, Калиф ги негираше обвиненијата со кои се соочува, кои вклучуваат измама за бомба во базата на Кралските воздухопловни сили (РАФ) во Стафорд во август 2021 година и јануари 2023 година.
Се тврди дека имал намера „да предизвика повреда или оштетување на предмети“, а обвинет е и дека поставил „канистер со жици што сакал да ги запали за да предизвика експлозија“.
Тој е обвинет и за извлекување или обид за извлекување информации кои би можеле да бидат корисни за терористите на 2 август 2021 година и за кршење на Законот за службени тајни со собирање информации кои би можеле да бидат корисни за непријателот помеѓу 1 мај 2019 година и 6 јануари 2022 година.
Калиф се приклучи на британската армија во 2018 година и работеше како инженер за компјутерска мрежа. Доколку некој го види, полицијата советува да не му приоѓа и веднаш да се јави на 999.