“ОВА Е ТОТАЛНО ЛУДИЛО!“ – Срамниот инцидент што се случи во Баерн Минхен доби нова димензија: “Ги здружија силите со валкани лаги“
Садио Мане остана во Баерн Минхен само една година. Репрезентативецот на Сенегал беше најавуван како големо засилување, а неговите настапи во баварскиот клуб беа пристојни, се до пресвртниот момент кој се случи околу натпреварот од Лигата на шампионите со Манчестер Сити.
Тој ден во медиумите се појави приказната за срамниот инцидент – физичка пресметка меѓу Садио Мане и клупскиот колега Лерој Сане, според која се наведува дека Садио Мане бил тој што замавнал кон својот соиграч и на тој начин предизвикал бучава во соблекувална.
Во еден неодамнешен трансфер, Садио Мане го напушти Баерн Минхен и замина во саудискиот Ал Наср, па сега неговиот ПР сектор реши конечно да го коментира тогашниот инцидент.
Лицето на Садио Мане задолжено за односи со јавноста, Бакари Сисе, тврди дека Баерн Минхен на расна основа го навредувале неговиот клиент, кој е единствената жртва.
„Секој кој знае доволно за европскиот фудбал знае дека Лерој Сане е многу арогантна личност, додека Садио Мане е прилично мирен и приземен тип. Тоа го покажуваше каде и да играше, додека Лерој Сане постојано ја преминуваше границата“, изјавил Бакари Сисе.
„Многу погрешни работи се кажани за тоа што се случи. Валкани работи излегоа од германските медиуми, кои застанаа на страната на Ларој Сане против Садио Мане. Тие напишаа дека за инцидентот Бакари Сисе е казнет со 500 илјади евра, што е лага“, тврди Бакари Сисе.
Бакари Сисе продолжи со своето објаснување во кое наведува дека челниците на Баерн Минхен заедно со некои играчи не го толерирале Садио Мане поради бојата на неговата кожа.
„Лерој Сане му се извини на Садио Мане по инцидентот, зошто ? Знаеше дека тој е тој што се шегува, а не Садио Мане. Тој дури им кажуваше на другите играчи дека му испратил порака на Садио Мане и да му каже да одговори. Садио Мане на крајот одговорил и го прифатил извинувањето, но му рекол на Лерој Сане дека тоа не смее да се повтори“, тврди Бакари Сисе.
„Лерој Сане расно го навреди Садио Мане. Не можам да навлегувам во детали, но затоа и претходно кажав дека имаше голема неблагодарност од Баерн Минхен. Тотално лудило. Бојата на кожата на Садио Мане не му пречеше само на Лерој Сане, туку и на челниците на Баерн Минхен на кои не им беше јасно зошто мораа да платат толку пари на таков тип“, изјавил Бакари Сисе.
Инцидентот започна откако фудбалерите на Баерн Минхен беа поразени во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Манчестер Сити со резултат 3:0.
„Садио Мане и Лерој Сане се скараа во соблекувалната по поразот од Манчестер Сити. Садио Мане му пријде на Лерој Сане, незадоволен од начинот на кој зборува и го удри во усна. Другите играчи мораа да интервенираат“, напиша тогаш германскиот весник Bild.