Ова е третиот кум на Вељко Ражнатовиќ! Се запознале на Кипар, сега го крстил Исаија, а бил и сведок на свадбата (фото)
Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана, денеска, на големиот празник Видовдан, 28 јуни, го крстија третиот наследник Исаија.
Интимната церемонија се одржа во црквата Свети Сава, на која присуствуваа само најблиските роднини, сопругата, постариот син Жељко и кумот.
Вељко е некој кој благодарение на странското образование и спорт стекнал многу пријатели, па за секој син избрал кум, па најмладиот наследник денеска го крстил еден од неговите најблиски пријатели од Кипар.
Станува збор за Христос Критикос, пријател што го стекнал за време на школувањето во Кипар , пред повеќе од една деценија. Инаку, Христос е кум на свадбата на Вељко и Богдан.
Познато е дека Цеца Ражнатовиќ со години има куќа на Кипар, а нејзините деца Вељко и Анастасија поминувале многу време таму и така се дружеле, а Вељко решил да го официјализира пријателството со еден од нив како кум.
На фотографијата направена во Храмот можете да го видите кумот Христос како го држи малиот Исаија, додека Богдана и малиот Жељко стојат до него, како и Вељко како држи свеќа.
Како што може да се види на неговиот Инстаграм профил, каде што објави неколку слики со Анастасија и Вељко, Христо е сопственик на ноќен клуб.