Ова е убиениот пејач од Скопје: Амар (29) убиен во престрелка, хаос во главниот град на Македонија (фото)
Познатиот пејач Амар Исмани (29) е убиен синоќа во Скопје. Имено, пејачот Амар Исмани е убиен во пресметка, додека две лица се повредени по масовна тепачка на Пластичарска во Скопје.
Неофицијално полицијата во 23 часот и 40 минути била информирана дека на булеварот Никола Карева имало пукање во кое имало повредени.
Во 23 часот и 45 минути било пријавено дека едно лице е Т.А со прострелни рани, истото е пренесено во Општинската болница „Наум Одридски“.
Од Ургентниот центар во 23 часот и 51 минути било пријавено дека привеле 2 лица, исто така со прострелни рани.
Станува збор за лицата О.Б и А.И од Скопје. Во 00:45 часот од Ургентен центар било пријавено дека се работи за А.И, познат пејач.