Неколку лица, меѓу кои и две деца, загинаа во крвавиот пир што се случи попладнево во меана во центарот на Цетиње, кога убиецот, чиј идентитет и’ е познат на полицијата, им ги одзеде животите на четворица мажи, рани двајца други и потоа побегнал од местото на настанот.
Недолго по злосторството во кафаната, било пријавено дека во населбата Богданов крај убил две деца и ранил една жена. Неофицијалните информации велат дека се работи за Ацо Мартиновиќ (45) од Цетиње.
Меѓу жртвите се М.В., Р.М., Б.М
Полицијата апелира до граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите станбени објекти, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност за ставање на ситуацијата под контрола и кривично гонење на сторителите.
Полициската управа соопшти дека се работи за ситуациски настан, кој не е резултат на разбивање на високоризични организирани криминални групи.
,,За решавање на оваа кризна состојба на терен се испратени специјални полициски единици“, се вели во соопштението на полицијата.