Ова е целосна катастрофа! Смртоносниот вирус уби дури 17.000 фоки?

Околу 17.000 млади фоки од јужен слон (Mirounga leonina) се убиени од вирусот H5N1, познат и како птичји грип, веруваат научниците. Ова е катастрофално истребување на дури 95 отсто од младенчињата родени минатата година на островот Валдез во Аргентина, објави LiveScience.

Аргентинската владина служба за здравје на животните (СЕНАСА) потврди појава на птичји грип. Тие предупредија дека е можно вирусот да мутирал за да може да премине од цицач на цицач.

  • Почнав да ги следам овие животни уште во седумдесеттите. Никогаш не сум видел нешто слично. Никој никогаш не видел нешто слично – изјави за LiveScience Клаудио Кампања, истражувач и конзерватор во Друштвото за заштита на дивиот свет (WSC) во Аргентина.

Во трудот објавен во списанието Marine Mammal Science, научниците објавија катастрофална смртност на младенчињата од фоки од јужен слон во 2023 година. Тие обично се раѓаат помеѓу септември и ноември и остануваат со своите мајки околу три недели.

Податоците се добиени од три области на островот Валдез, кој има околу 500 километри крајбрежје.

  • Откривме дека 96 отсто од младенчињата умреле, а знаеме дека околу 18.000 од нив се родени во 2022 година. Тоа значи дека речиси секоја репродукција престанала – рече Кампања.

Истражувачите допрва треба да потврдат како вирусот влијае на фоките, но пронајдоа 46 мртви фоки во области каде што дури и една смрт би била невообичаена.

Заразените животни покажуваат невролошки и респираторни синдроми, како што се тресење на главата, лигавење и недостаток на координација.
Досега се сметаше дека цицачите добиваат птичји грип преку птиците, нивните фекалии или трупови, но младите цицаат и сè уште не јадат месо. Пренесувањето на вирусот од цицач на цицач би можело да го објасни ваквото масовно исчезнување на младенчињата – изјави Кампања.