Ова е членот на Кавачкиот клан во кого беше пукано: Вујовиќ утринава добил куршум, а претходно само го предупредувале
Јован Вујовиќ (27) од Цетиње е ранет утрово си автоматска пушка околу 8 часот и 40 минути и бил погоден со неколку истрели. Според медиумите, во него веќе било пукано пред четири години кога бил застрелан во нозете.
Вујовиќ е идентификуван како лице блиско до кавачкиот клан. Кога првпат бил ранет, имал само 23 години, но и тогаш бил поврзуван со криминални кланови во Црна Гора, па ранувањето се сметало за предупредување.
Вујовиќ беше пренесен во Клиничкиот центар, а полицијата го пронашла запаленото возило кое насилникот го користел при нападот врз него.
Запален автомобил бил пронајден на патот кон Будва, а полицијата ја пронашла и автоматската пушка употребена во нападот.
Инаку, уште една мафијашка пресметка во Црна Гора се случи пред една недела кога исто така беше пукано во член на Кавачкиот клан во близина на тунелот Врмац во Котор.