Ова е човекот кого Израелците го ловат: Го нарекуваат палестинскиот Осама бин Ладен

Израелските трупи го ловат командантот на Хамас, Јахја Синвар, кој беше опишан како палестинскиот Осама бин Ладен, опоменувајќи го дека ќе го најдат каде и да се крие и заканувајќи му се дека деновите му се одбројани.

Јахја Синвар (60) е актуелен шеф на Хамас во Појасот Газа.

Израел го апсеше неколку пати, а таму помина 24 години во затвор. Тој беше ослободен во 2011 година, за време на размена на затвореници за израелскиот војник Гилад Шалит.

Cинвар е обвинет од Израелците дека е одговорен за убиството на 1.300 Израелци во нападите на 7 октомври.

– Јахја Синвар е лицето на злото. Тој е мозокот на оваа операција, како што беше Осама бин Ладен – изјави потполковникот Ричард Хехт, портпарол на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Хехт тврди дека Синвар „направил кариера“ убивајќи Палестинци за кои дознал дека се доушници на Израелците.

– Така стана познат како месар во Кан Јунис, на југот на Газа – вели потполковникот.

Тој истакнува дека израелските војници нема да запрат додека не го пронајдат Синвар и не го убијат.

– Тој човек и целиот негов тим се на повидок. Ќе стигнеме до него – рече тој.

Синвар беше прогласен за терорист од САД во 2015 година.

,,Желбата“ за Синвар беше објавена во јавноста во времето кога израелските воздухопловни сили го убија Мерад Абу Мерад, шеф на воздушниот систем на Хамас на Хамас.