Ова е човекот кој избоде момче (14) во центарот на градот: Полицијата го опколи, а тој им се смееше во лице по страотниот чин (ФОТО)
Сириски државјанин вчера со нож избоде едно лице, а повреди уште четири во австрискиот град Вилах, објави Билд.
Се тврди дека 14-годишно дете е убиено кога маж со нож нападнал минувачи, по што бил уапсен.
Билд пишува дека Сириецот (23) имал дозвола за престој во Австрија.
„Тоа беше како хорор филм. Сè се случило брзо, се вели дека едно лице излетало од автомобилот, а потоа неколку лица побегнале. Нашиот вработен го заклучи ресторанот и ги задржа гостите внатре“, изјави за германските медиуми очевидец, сопственик на ресторан.

„Позадината на овој напад сè уште не е позната, а во моментов е во тек темелна истрага за целиот случај“, додаде тој.
Нападот се случил околу 16 часот во самиот центар на Филах. 23-годишен Сириец ненадејно со нож нападнал минувачи пред кафуле, пренесува весникот „Кроне“. Сите жртви се мажи. Двајца се полесно повредени, а двајца се тешко повредени.
Напаѓачот бил спречен од друг Сириец, кој работи како доставувач на храна.
– Сакаше да оди кон центарот на градот, имаше деца на улица. Не можев да дозволам тоа да се случи. И јас имам деца! – изјави тој за медиумите.
Оваа информација ја потврди и Дионисио.
– За нападот сведочеше 42-годишен доставувач на храна, исто така сириски државјанин. Без размислување се упатил со своето возило кон напаѓачот – рекол тој.
Полицијата во моментов врши интензивна потрага низ Корушка под раководство на Државниот завод за заштита на уставниот поредок и Државниот завод за криминалистички истраги.
Истрагата треба да утврди дали се работи за тероризам. Полицијата соопшти дека се уште не е јасно дали осомничениот делувал сам, па затоа продолжува со потрагата по евентуални дополнителни осомничени.
Се смееше кога го уапсија
„На снимката од апсењето јасно се гледа како се смее“, рече Дионисио.
„Со оглед на околностите, можеме да бидеме благодарни што сведокот успеа да го онеспособи напаѓачот“, додаде тој.
Напаѓачот, кој претходно не и бил познат на полицијата, имал документ од барателот на азил и наводно престојувал во прифатниот центар Лангауен. Според австриските медиуми, тој имал дозвола за престој во Австрија. Сведоците исто така велат дека тој извикал „Алаху eкбeр“.