Ова е човекот кој почина правејќи бомба: Се плашеше дека Русите ќе го нападнат! (фото)

Ромео (44) од Фетест, Романија, загинал пред два вечери додека правел бомба во куќа на Фетест.

Материјалите кои ги користел при конструкцијата на бомбата експлодирале, а во таа прилика се здобил со сериозни повреди на нозете.

Експлозијата му ја отсече феморалната аорта и набрзо искрвари до смрт.

Тој починал во куќата пред да пристигне брзата помош.

Полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот и ја блокирала улицата поради страв дека може да има нови експлозии.

Во неговата куќа полицијата пронашла неколку експлозиви кои биле купени преку Интернет.

бомба

Полицијата му го запленила телефонот, како и телефоните на неговите родители, за да се утврди дали тој разменувал пораки со лица.

Неговите блиски луѓе тврдат дека бил опседнат со фактот дека Русија и рускиот претседател Владимир Путин би можеле да ја нападнат Романија.

Тој ја правеше бомбата за да може да се брани себеси и семејството.

Експлозијата се случила во 2 часот и 10 минути по полноќ, а околината на куќата беше изолирана 24 часа додека полицијата користепе специјална опрема за да го провери теренот и да го испита.

Семејството на починатиот Ромео е во шок поради сè што се случило.

Неговите соседи велат дека тој сакал да чита и дека сакал да прави свои изуми.

,,Често зборуваше за некои изуми, сакаше да научи странски јазици. Се грижеше и за животните во дворот”, рекол еден од соседите.

Тој додава дека Ромео работел како бербер.