Ова е човекот кој пукал во соседите: Застрелал шестгодишно девојче и нејзиниот татко затоа што дошле да ја земат топката во неговиот двор! (ФОТО)
Во Северна Каролина се трага по маж кој е обвинет дека пукал во 6-годишно девојче и нејзиниот татко откако нивната топка влегла во дворот на осомничениот.
Во овој случај повредени се уште две лица – маж и жена. Полицијата соопшти дека осомничениот, 24-годишниот Роберт Луис Синглетари, уште е во бегство.
Синглетар се соочува со четири точки од обвинението за обид за убиство од прв степен. Полицијата го обвини осомничениот и за две точки од обвинението за напад со смртоносно оружје со намера за убиство и една точка за поседување огнено оружје од сторител.
Осомничениот веќе и е познат на полицијата. Тој во декември со чекан ја нападнал својата девојка.
Полицијата во округот Гастон првпат примила повик во вторникот во 19:44 часот по локално време за пукањето и нападот.
Инспекторите подоцна известија дека шестгодишното дете и нејзиниот татко се тешко повредени. И возрасна жена била погодена со куршум, а друг возрасен маж бил застрелан, велат тие.
Еден сосед им раскажал на новинарите дека до пукањето дошло откако кошаркрска топка влегла во дворот на осомничениот.
„Играа кошарка, а топката се стркала во неговиот двор. Отидоа да ја земат. Беше лудо“, изјави Џонатан Робертсон, кој живее во населбата Гастон.
„Никогаш не го очекувавме тоа. Не очекувавме дека некој ќе извади пиштол и ќе го впери во дете“, рече тој.
Полицијата соопшти дека осомничениот влегол во неговиот дом и излегол со пиштол пред неселективно да пука во соседите.
Г-дин Вилијам и неговата ќерка беа погодени а останатите родителите брзаа да ги соберат своите деца, јавува Би-Би-Си.
Детето кое беше повредено во пукањето зборуваше за медиумите за пукањето во интервју за локалниот информативен канал ABC.
„Куршумот се одби и ми влезе во образот“, вели шестгодишното девојче, кое Би-Би-Си не го именува поради нејзината возраст.
Таа додаде дека нејзиниот татко останува хоспитализиран во Шарлот. Тој се лекува од повреда на белите дробови и проблеми со црниот дроб откако беше погоден во грбот.
Полицијата издаде налози за апсење на Синглетари, изјави во средата началникот на полицијата на округот Гастон, Стивен Зил.
Шефот Зил додаде дека ваков вид насилство нема да толерира.
„Во текот на ноќта спроведовме обемна потрага по Синглетари и соработувавме со Регионалната Работна група на Маршалите на Соединетите Држави за да ни помогне додека продолжуваме да бараме“, рече тој.
Пукањето е последно во низата инциденти со оружено насилство низ САД, во кои се вклучени млади Американци за кои се вели дека погрешно се приближиле до погрешна личност или дом.
Во Тексас, 18-годишната навивачка Пејтон Вашингтон беше застрелана и критично повредена во вторникот, откако по грешка се обидела да влезе во погрешно возило на паркинг во близина на Остин, Тексас.
Во државата Њујорк, 20-годишната Каилин Гилис беше убиена во саботата, откако нивен пријател со нивниот автомобил влетал на погрешен пат.
И минатиот четврток во Мисури, 16-годишниот Ралф Џарл беше застрелан во главата и раката кога заѕвони на вратата на погрешна адреса.