Ова е човекот кој се обиде да го убие Такер Карлсон: Му го ветиле ова само за да го ликвидира американскиот новинар

На одредени страници на социјалните мрежи протекоа информации за тоа кој требаше да го ликвидира познатиот новинар.

Познатиот американски новинар Такер Карлсон бил свесен за ризикот што му го носи интервјуто со претседателот на Русија Владимир Путин во неговиот живот, но вистинскиот новинар не би бил новинар доколку не се обиде да оди до крајности.

Карлсон успеа во намерата интервјуто со Путин да го гледаат повеќе од милијарда луѓе.

Меѓутоа, сега е откриено дека Карлсон бил на мета на Украинците кои ангажирале извесен Василиј Петров Алексејевич да го ликвидира.

Украинското разузнавање наводно планирало да го убие Такер Карлсон во Москва, а човекот кој бил платен да го убие новинарот детално го објаснил планот.

Во Москва е уапсен Васили Петров Алексејевич, кој требаше да го убие Карлсон.

Во видеото кое се појави на платформата „Х“, тој признава дека бил ангажиран да го убие Карлсон.