Ова е Џозеф кој е осомничен дека ѕверски со лопата го убил татко му! Страшно злосторство во Суботица кое ја заледува крвта во вените (фото)
Џозеф Мицик (37) од Суботица синоќа бил уапсен под сомнение дека пред три години брутално го убил својот татко по жестока расправија со лопата, дознава српскиот портал Курир.
За потсетување, МВР синоќа соопшти дека по наредба на Вишиот суд во Суботица извршило претрес во куќата и другите простории, а во помошната куќа било пронајдено тело за кое постои сомневање дека е на неговиот татко.
– Убиениот бил примател на социјална помош и три години не доаѓал да ги подигне парите, што било повеќе од загрижувачко – наведува изворот и додава дека убиениот исчезнал пред три години и дека никој ништо не знаел за него.
– Сите се сомневаа дека нешто се случува, но никој не беше сигурен во тоа се додека вториот син на убиениот не почна да истражува и не се посомнева дека се случило нешто лошо. Осомничениот живеел во куќата со телото на неговиот татко.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство Суботица каде со кривична пријава ќе биде сослушан.