“ОВА МЕСТО Е ИДЕАЛНО ЗА УПОТРЕБА НА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ!“ – Пензиониран руски генерал со упати страшни закани: “Тие се собраа таму, ова е идеално!“

Претставникот во рускиот парламент Андреј Гурулев, 55-годишен пензиониран генерал-полковник, ги повика руските воени лидери да го бомбардираат селото Роботин во регионот Запорожје со тактичко нуклеарно оружје, пишува весникот The Telegraph.

Селото Роботин е идеално место за употреба на тактичко нуклеарно оружје“, вели Андреј Гурулев и додава: „Таму се собраа Украинците на едно место… Тоа е едноставно совршено“.

По 11 недели борби на јужниот фронт, Украина во понеделникот ја врати контролата над селото Роботин.

Украинската Армија во вторникот објави дека постигнала нови придобивки во близина на селото Вербове во областа Запорожје. Овие придобивки се дел од нејзините напори да се пробие до Азовското Море.

Сè укажува на фактот дека Украинците решиле да го нападнат рускиот против-тенковски ров меѓу Роботин и Вербов. Украинските воени лидери изјавија дека нивните војници постигнале успех на територијата што ја вратиле и дека го напаѓаат непријателот со артилерија.

Руски извори велат дека украинските сили се приближуваат кон една од најважните руски одбранбени линии на југот на областа Запорожје.

Доколку украинската Армија оствари победа кај Вербово, тоа би ги ставило во поповолна позиција за потенцијален напад на Токмак, важен транспортен центар. Западните аналитичари велат дека изгледа Украина бара слаби точки во т.н одбранбената линија на Суровикин, главниот синџир на утврдувања што го штити копнениот мост меѓу Русија и полуостровот Крим.

Емил Кастехелми, аналитичар на јавно достапни разузнавачки информации, тврди дека руската одбранбена линија западно од Вербово е во полоша состојба од другите во многу добро утврдениот југ на Украина.

Емил Кастехелми вели дека од почетокот на август Русите не ги завршиле рововите што тогаш ги ископале. „Постојат сегменти без позиции за огнено оружје и бункери за згрижување војници. На други места тие инвестираа значително повеќе ресурси во такви работи“, вели аналитичарот.

Украинската контраофанзива на југот на земјата е бавна веќе некое време бидејќи украинските сили треба да ги пробијат руските утврдувања.