ОВА МЕСТО НЕ Е ЗА СИТЕ – Платиле 20 евра за кафе и вода а сопственикот им ‘пукнала’ се во лице: “Ако ви е скапо, одете на друго место!“
Турист, кој посетил кафуле со поглед на езерото Комо во италијанската провинција Ломбардија, платил 20 евра за кафе и шише вода.
Кога туристот го прашал сопственикот на барот дали можеби е во луксузно одморалиште на островот Капри, тој одговорил дека – „слободно може да оди на друго место доколку не може да си дозволи“, пишуваат тамошните магазини.
„Мојот бар не може да биде достапен за секого. Оние кои не можат да си дозволат, можат да одат на друго место, тоа не е ароганција“, кажал сопственикот.
Цената на кафето во Италија, се разбира, не е иста во сите градови – во Венеција, на пример, чини до 24 евра, а во Неапол околу едно евро со чаша вода.