ОВА МОЖЕБИ ЌЕ ИМ СЕ ДОПАДНЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ? ‘Најопасно’ место за летување во Европа нуди многу примамливи понуди: “Цените се пониски и до 60 проценти!“

За оние кои сонуваат за морето: Полуостровот Крим ве покануваат да го поминете летниот одмор на плажите на Азовското Море“, „Пространите плажи, чистото море и развиената туристичка инфраструктура нема да ве остават рамнодушни“, „Најбелите плажи на Крим!“…

Така, руските туристички агенции ги мамат туристите да летуваат на Крим, полуостров кој беше анектиран од Русија во 2014 година. Иако од почетокот на сеопфатната инвазија на Владимир Путин на Украина, железниците на Крим и складиштата за гориво неколкупати биле цел на напади, локалните власти под руска контрола тврдат дека нема причина за загриженост и страв.

Маја Ломиџе, извршен директор на Руската асоцијација на тур-оператори, тврди дека Крим ќе биде меѓу првите пет руски дестинации за одмор оваа година. „Крим е единствениот руски регион кој во споредба со минатата година не ги зголеми цените, туку ги намали“, тврди Маја Ломиџе во интервју за The Washington Post, признавајќи дека туристичкиот проток во 2023 година ќе биде за околу 30 отсто помал од минатата година.

Елена, 55-годишна учителка од Москва, изјавила дека нејзиното семејство планира да го посети Крим ова лето, како и секоја година. „Што се однесува до евентуалните проблеми со храна, вода и струја, воопшто не сум загрижена. Дојдов тука кога имаше други, уште полоши времиња. Се разбира, оваа година општата состојба е вознемирувачка, но верувам во разумност, хуманост и Господ“, вели оваа жена.

Аљона, 52-годишна канцелариска менаџерка во компанија која продава и изнајмува недвижен имот, исто така планира да оди на Крим на две недели со своето семејство оваа година. Како што вели, одморот на анектираниот полуостров ја исполнил со позитивна енергија до крајот на годината. „Не сум загрижен за безбедносните прашања. Убедена сум дека Крим е добро заштитен и дека ништо лошо не може да се случи таму. Разбирам дека е во тек специјална воена операција и дека беспилотните летала напаѓаат различни градови, дури и Москва, но не мислам дека дека на Крим може да се случи нешто лошо. Сигурна сум дека се ќе биде добро!“, самоуверено изјавила Аљона.

Владата на Русија интензивно се обидува да создаде впечаток на нормалност додека украинските напади и упади на проукраинските милитанти продолжуваат долж нејзината граница со Украина. Еден таков обид е отворањето на летен камп во кримското одморалиште Евпаторија за деца од Белгород, руски регион кој беше изложен на интензивно гранатирање и напади со беспилотни летала во последните недели.

Сепак, многу Руси решија да ги откажат своите резервации за сместување на Крим по неодамнешните напади со беспилотни летала на анектираниот полуостров. Веднаш по почетокот на сеопфатната инвазија на Украина, властите на Руската Федерација ги прекинаа сите летови за Крим, што значи дека оттогаш патниците од Русија можат да доаѓаат на полуостровот само со автомобил или воз. Патеките до Крим беа дополнително комплицирани на 22. јуни кога Украина истрела проектили кон мостот „Чонгар“ – познат како „Портата на Крим“, „Чонгар“ е еден од ретките мостови што го поврзуваат Крим со копното. Руските железници го зголемија бројот на возови за Крим пред летната сезона, но просечното патување од Русија до Крим трае уште два до три дена. Покрај долгото патување, туристите се загрижени и за зголеменото присуство на војската на полуостровот. Од крајот на 2022 година руската Армија ископа десетици километри ровови долж брегот на Крим и изгради противтенковски бариери поради страв од потенцијална украинска контраофанзива. Поради ова, многу плажи на Крим се затворени.

Претседателот на УкраинаВолодимир Зеленски, не се откажува од плановите за повторно заземање на Крим и истакнува дека војната не е завршена сè додека Крим е под руска окупација. Украинскиот полуостров Крим се наоѓа помеѓу Црното и Азовското Море и игра важна улога во снабдувањето на руските трупи во јужна Украина.

Бројките покажуваат дека станоиздавачите и рестораните од Крим оваа година нема да можат да ги тријат рацете.

Некои хотели со ол-инклузив понуди ги намалија цените и до 60 отсто, но и покрај големите попусти, исполнетоста е околу 40 до 50 отсто. 

Обично сме целосно резервирани од јуни до септември. Оваа година, едвај десет проценти од собите се резервирани. Нема никој ниту на плажите“, изјавила жена по име Олга, сопственичка на сместување во Крим, за Радио Слободна Европа.

Податоците неодамна објавени од Руската асоцијација на тур-оператори откриваат колапс на туризмот на Крим. Летово, само еден процент од руските хотелски резервации се направени на Крим, што е помалку од три проценти минатата година и 19 проценти во 2021 година.