,,Ова може да го натера Киев на мировен договор!” Првата реакција на Русија откако Трамп ја прекина помошта за Зеленски!
„Ако САД престанат да бидат (воен добавувач на Украина) или ги суспендираат тие испораки, тоа веројатно ќе биде најдобриот придонес за мирот“, рече Дмитриј Песков на неговиот дневен брифинг.
„Деталите остануваат да се видат, но вистината е дека ова е решение што навистина може да го турне режимот во Киев кон мировниот процес“, рече Песков.
Тој додаде дека останува да се види како ќе се развива ситуацијата на теренот и посочи дека „главниот обем“ на воена помош за Украина досега доаѓа од САД.
САД одлучија привремено да ја прекинат воената помош за Украина, потврди синоќа Белата куќа, неколку дена по вербалниот судир на американскиот и украинскиот претседател во Вашингтон.

„Претседателот беше јасен дека е фокусиран на мирот. Ни треба нашите партнери да бидат посветени на таа цел.”
Зборувајќи за обновувањето на билатералните односи меѓу Вашингтон и Москва, по години на екстремни тензии, Песков рече дека „нормализацијата“ на односите мора нужно да вклучува и укинување на американските санкции кон Москва.
„Се разбира, ако зборуваме за нормализација на билатералните односи, овие односи треба да се ослободат од негативниот товар што се санкциите“, рече Песков за новинарите.
По првите руско-американски разговори во Саудиска Арабија на 18 февруари, Москва и Вашингтон соопштија дека работат на повторно воспоставување на економски и енергетски односи, особено на Антарктикот и вселената.