ОВА МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ТОТАЛЕН ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО САД – Демократите планираат да го ‘исфрлат’ од игра Џо Бајден и наместо него да ја кандидираат Мишел Обама за Белата куќа !?

Остануваат уште нешто повеќе од 13 месеци до претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), кои ќе се одржат во ноември 2024 година, а се погласни се шпекулациите дека Демократската партија би можела да предложи друг кандидат наместо досегашниот домаќин на Белата куќа, Џо Бајден.

Според Тед Круз, влијателен републикански сенатор од Тексас и поранешен партиски кандидат за претседател на САД, демократите наместо Џо Бајден ќе ја номинираат Мишел Обама (59 г.), поранешната прва дама на САД.

Тед Круз, како што пренесува Daily Mail, шпекулира дека демократите сакаат да ја избегнат номинацијата на 80-годишниот Џо Бајден, токму поради неговата напредна возраст.

Ова според мене е најверојатно и најопасно сценарио. Во август 2024 година, врвот на Демократската партија ќе ја номинира Мишел Обама наместо Џо Бајден“, тврди Тед Круз во својот подкаст.

Потсетуваме дека Барак Обама, сопругот на Мишел Обама, беше претседател на САД во два мандати – од 2009 до 2017 година. Негов потпретседател во двата мандати беше Џо Бајден, актуелен домаќин на Белата куќа.

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, не ги коментираше последните шпекулации, иако претходно изјави дека не планира да влезе во политиката. Таа моментално се одмара во Европа, на јахтата на познатиот режисер Стивен Спилберг и неговата сопруга, а друштво им прават Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон. Јахтата на Стивен Спилберг, вредна 250 милиони долари, е видена во близина на италијанскиот град Портофино, недалеку од Џенова, на западот на Италија. На почетокот на септември, Мишел Обама беше на одмор во Мајорка. Таа беше на познатиот шпански остров со Џејмс Костос, поранешниот американски амбасадор во Шпанија.

Интересно е што Мишел Обама одмара во Европа без сопругот Барак Обама (62 г.), кој папараците го фотографираа како излегува од ресторанот „Fank“ на Беверли Хилс. Во придружба на телохранители, Барак Обама носел црна јакна и сиви панталони, а се појавил опуштено и одбил да ги коментира извештаите дека може да се врати во Белата куќа благодарение на неговата сопруга, односно во случај таа да победи на изборите во 2024 година.