ОВА НЕМА ДА МУ СЕ ДОПАДНЕ НА НОВАК: Организаторите одредија НЕВЕРОЈАТЕН термин за мечот на Ѓоковиќ во четвртфиналето

Новак Ѓоковиќ дефинитивно не е миленик на организаторите на УС Опен .

Тоа може да се види од одлуката на организаторите неговиот четвртфинален натпревар против локалниот натпреварувач Тејлор Фриц да биде втор во попладневната програма на стадионот „Артур Еш“.

Според проекцијата, Новак треба да игра околу 19:30-20 часот по наше време, односно околу 13:30-14 часот по локално време. Значи, на највисока топлина.

Се очекуваше дека актуелниот број два тенисер во светот и миленик на тамошната публика ќе добие ноќен термин. Сепак, Френсис Тиафо и Бен Шелтон, кои играат во второто четвртфинале, го добија најдоброто место.

Пред Новак, на најголемиот тениски стадион во светот од 18 часот ќе играат Јелена Остапенко и Коко Гауф.

Вечерта први на терен излегоа Сорана Кирстеа и Каролина Мухова.