Кошаркарите на Црвена Ѕвезда го совладаа тимот на Олимпија во Милано со 76:62, во 21. коло од Евролигата.
Сепак, еден детал од првиот дел остана особено запаметен, како нешто што не било видено во историјата.
Имено, Кајл Хајнс за само 30 секунди успеа да повреди и да испрати надвор од теренот тројца кошаркари на Ѕвезда.
Најпрвин на околу 2 и пол минути до крајот на првиот период во скок го удри во лицето Лука Митровиќ, кој мораше на кратко да ја напушти играта.
Во следниот напад на Ѕвезда, под кошот „загина“ и Немања Недовиќ, кој повторно при скокање беше погоден во пределот на стомакот од Хајнс, а Немања мораше да го напушти теренот, а до крајот не се врати во игра.
Само неколку секунди подоцна, Хајнс успеа да го повреди и Мајк Тоби. Играч на Олимпија беше под кошот на Ѕвезда, се финтираше, а Тоби скокна и незгодно падна над Хајнс и остана да лежи.
Набрзо и тој мораше да го напушти паркетот, а до крајот не се врати во игра.