ОВА НИКОГАШ НЕ СЕ СЛУЧИЛО ВО ИСТОРИЈАТА НА САД – Паника во Алјаска, погледнете што прават Русија и Кина
Руските и кинеските поморски сили извршија заеднички патроли во водите во близина на Алјаска оваа недела. Американските воени експерти велат дека тоа била најголемата флота на странски воени бродови што дошла толку блиску до американскиот брег, пишува весникот The Wall Street Journal (WSJ).
Американските власти тврдат дека дури 11 руски и кинески бродови се приближиле до Алеутските острови. Кинеските и руските бродови цело време биле придружувани од американски разурнувачи и авиони.
„Ова е прв пат во историјата руски и кинески воени бродови да патролираат толку блиску до брегот на САД. Со оглед на војната во Украина и тензиите околу Тајван, тој потег е многу провокативен“, изјавил пензионираниот капетан на американската морнарица, Брент Садлер.
Портпаролот на Северната команда на американската Армија потврди дека Русија и Кина извршиле заедничка поморска патрола во водите во близина на Алјаска, но не го прецизираше бројот на бродови или нивната точна локација во јавноста.
„Воздухопловните и поморските сили под наша команда извршија операции за обезбедување на одбрана на САД и Канада. Патролата остана во меѓународните води и не се сметаше за закана“, се вели во соопштението на американската Армија.
Руската и кинеската амбасада во Вашингтон не одговориле на барањето за коментар од страна на весникот WSJ.
Во текстот се нагласува дека американските сили – за разлика од овој случај во кој руските и кинеските бродови биле постојано под надзор од четворица американски разурнувачи – минатиот пат кога седум руски и кинески бродови пловеле во близина на Алеутските острови, испратиле само еден брод на крајбрежната стража да ги придружува нив.
Ваквиот, како што вели, млак одговор на САД наиде на жестоки критики од страна на републиканскиот сенатор од Алјаска, Ден Саливан.
Поинтензивната соработка меѓу кинеската и руската морнарица американските власти ја толкуваат како Пекинг и Москва кои се противат на сојузот на САД со Јапонија, Јужна Кореја и другите регионални партнери. Руски воени бродови и кинески истражувачки бродови биле забележани во регионот на Арктикот и претходно.
„Забележавме дека заедничките руски и кинески вежби се интензивираат. Гледам дека нивната соработка станува се посилна. Тоа е загрижувачко и опасно“, рекол адмиралот Џон Аквилино, прв човек на американската Индо-пацифичка команда, која е одговорна за воените операции во азискиот дел на Пацификот.
Додека најновата одбранбена стратегија на Пентагон ја наведува Кина како главна долгорочна закана за САД, американските власти внимателно ја следат зголемената соработка меѓу Пекинг и Москва.
По инвазијата на Украина, Кина стана најважниот трговски партнер на Русија, а јулскиот извештај на првиот човек на американската разузнавачка служба откри дека токму Кина ја снабдува Русија со критична технологија што може да се користи за цивилни, но и за воени цели.