ОВА НИКAKO НЕ ТРЕБА ДА ГО ПРАВИТЕ: Еве како побрзо да го загреете автомобилот во зима, а да заштедите и гориво
Првите минути се клучни.
Дојде зима и ги натера возачите да настрадаат. Не е лесно да се влезе во ладен автомобил од топол стан наутро, па затоа повеќето луѓе сакаат тој да се загрее што е можно побрзо. Но затоа прават некои грешки кои се штетни.
Значи, вистинското прашање е што да се направи за да се загрее моторот на автомобилот што е можно поскоро?
За почеток, она што никогаш не треба да го правите е да стоите на паркинг со вклучен мотор. Тоа е застарен и штетен метод. Сепак, еден од советите е да го исклучите греењето во првите неколку минути.
Имено, кога е вклучен, вентилаторот ја користи циркулацијата на течноста за ладење за да го загрее возилото (преку т.н. разменувач на топлина). Ова ја намалува температурата на течноста за ладење, па на моторот му треба подолго време за да се загрее.