Ова овошје е тајната на долговечноста: Грст дневно го зајакнува срцето и го намалува холестеролот

Едно мало, но моќно овошје – брусницата – може да го има клучот за зачувување на меморијата и спречување на деменција.

Истражувачите од Универзитетот во Источна Англија во Велика Британија открија дека секојдневното консумирање брусница може да биде клучот за подобрување на меморијата, забавување на развојот на деменција, па дури и намалување на „лошиот“ холестерол.

Студијата следела 60 здрави испитаници во текот на 12 недели, при што половина од нив секојдневно консумирале брусница во прав, додека другата половина добивале плацебо.

Резултатите биле изненадувачки – испитаниците кои консумирале брусница покажале значително подобрување на меморијата во секојдневните настани, подобра циркулација на крвта во мозокот, па дури и намалување на нивото на „лошиот“ холестерол.

Д-р Дејвид Ваузур, водач на истражувањето, истакнува дека ова е едно од првите студии кои го истражуваат долгорочното влијание на брусницата врз когнитивните способности и здравјето на мозокот.

Резултатите се многу охрабрувачки и може да послужат како основа за идни истражувања за ефектите на брусницата и сличните бобинки врз здравјето на мозокот.

Брусницата е позната по својата моќ да се бори против слободните радикали во телото, благодарение на антиоксидансите како витамините Ц и Е, како и флавоноидите.

Покрај тоа, тие се богати со влакна, кои можат да помогнат во промовирање на здравото варење и одржување на здравјето на уринарниот тракт.