Ова овошје се препорачува за луѓе кои страдаат од дијабетес: помага во регулирање на шеќерот во крвта
Мушмулите содржат хранливи материи корисни за здравјето – големо количество витамини Б2, Б1, Ц и А, а се користат и поради нивните лековити својства. Тие содржат танин, протеини, природни органски киселини и пектин со мала количина јаглехидрати. Во ова овошје се наоѓаат и минерали, како што се калциум, калиум, железо и магнезиум, кои го подобруваат здравјето и имунитетот преку детоксикација и хидратација на органите и телото. Секојдневното консумирање мушмула е корисно за луѓето со заболувања на бубрезите и црниот дроб.
Мушмулите можат да лекуваат дигестивни проблеми бидејќи го стимулираат процесот на варење и празнење на цревата, го намалуваат ризикот од дијабетес, го зајакнуваат имунитетот и можат да помогнат во одржувањето на здравјето на мозокот. Експертите наведуваат дека доволно е да се јадат 3 мушмули дневно, но семките не треба да се јадат бидејќи можат да бидат токсични. Се берат во доцна есен, најмногу во ноември и декември, што ги прави важен извор на шеќер во студените зими. За разлика од другите овошја, кои се јадат свежи, мушмулите се јадат кога ќе станат скапани, односно меки. Тие обично се чуваат на ладно и суво место додека не станат меки и кашести, со потемна кафеава боја. Потоа добиваат сладок и малку кисел вкус.
Кои се сите здравствени придобивки од мушмулата?
Плодот од мушмула помага во лекување на цревни инфекции и воспаленија, менструални нарушувања, дијареа, надуеност, внатрешно крварење и ги зајакнува нервите.
Други здравствени придобивки од мушмулата
1. Богати се со антиоксиданси
Мушмулата е природен извор на полифенолни соединенија, особено фенолни киселини кои покажуваат силни антиоксидантни својства. Овошјето, кората и листовите на мушмулата содржат значителни количини на растителни флавоноиди и полифеноли. Конзумирањето на храна богата со полифеноли е поврзано со намален ризик од неколку болести како што се атеросклероза и дијабетес.
2. Имаат антивоспалителни и антибактериски својства
Галската киселина е полифенол кој се наоѓа во најголем дел во екстрактите од мушмула. Галската киселина, со своите антиинфламаторни својства, може да биде клучна за намалување на складирањето маснотии кај дебелите луѓе. Во исто време, може да има потенцијална антибактериска активност против видовите Pseudomonas кои се пренесуваат преку храна. Тоа значи дека екстрактот од мушмула може да се користи во индустријата за конзервирање храна.
3. Мушмулите се богати со пектин, кој го подобрува здравјето
Пектинот е добар извор на диетални влакна добиени од ѕидовите на растителните клетки. Мушмулата, со својата богата содржина на пектин, може да помогне во намалувањето на нивото на холестерол, да спречи запек и да го стимулира движењето на дебелото црево заедно со другите антиинфламаторни ефекти.
4. Тие можат да помогнат во лекувањето на дијабетес
Познато е дека полифенолите кои се наоѓаат во мушмулата, особено фенолните киселини и флавоноидите ја инхибираат а-глукозидазата и а-амилазата во метаболизмот на јаглени хидрати, што може да биде корисно во формулацијата на лекови за третман на дијабетес.
5. Тие можат да помогнат во спречување на Алцхајмерова болест
Студијата спроведена на глувци покажа дека високото ниво на флавоноиди во овошјето од мушмула може да биде ефикасно во спречување на губење на меморијата и оштетување на невроните. Ова може дополнително да се истражи за потенцијални опции за третман за слични невродегенеративни болести кај луѓето.