ОВА ОДАМНА МУ СЕ НЕМА СЛУЧЕНО НА МИЛАН – Излегоа пред навивачите, а 70 илјади луѓе јасно им кажаа што мислат за се
Трет натпревар по ред во Серија А без победа, втор пораз… Сето ова е билансот на моменталната ситуација на фудбалерите на Милан кои оваа сабота на „Сан Сиро“ загубија од Удинезе (0:1).
По натпреварот, осумтемина играчи на домашниот тим застанаа пред најжестоките и веројатно најнервозните навивачи во тоа време. Тие најпрво со свирежи влегоа до соблекувалната, а потоа кога се вратија уште повеќе ги прекорија, па и со разни вербални навреди. Ова се епитети кои навистина не треба да ги пишуваме.
Така, откако Удинезе ги приземји, осумте играчи се појавија пред најжестоките симпатизери на стадионот. Лофтус-Чик, Калабрија, Ромеро, Тиау, Флоренци, Адли, Побега и голманот Маињан престанаа да се извинуваат, а неколку минути подоцна пристигна и самиот тренер Стефано Пиоли кој беше специјално исвиркан. Дождливата вечер само го зголеми впечатокот на ужас…
Милан сега ќе се соочи со ПСЖ на домашен терен во Лигата на шампионите. Веќе на сите им е јасно дека со ваквата форма, како и со бројот на повредени играчи, тешко ќе се стави точка на тимот кој го совлада со 3:0 на „Парокт на Принцовите“. Стефано Пиоли сигурно нема да може да смета ниту на десет играчи и тоа: Круниќ, Тео Ернандез, Пулишиќ, Калулу, Калдара, Чукувезе, Кјаер, Пелегрино, Бенасер и резервниот голман Спортиело.