Ова семејство живеело изолирано на планина 43 години: Не знаеле дека има војна, а кога ги нашле …

Од целото семејство Ликов, денес е жива само Агафија, која има 80 години и сè уште живее сама во Сибир.

Повеќе од 40 години, семејството Ликов живеело во најнепристапниот дел на Сибир. Карп Ликов свесно го избра ова место за себе и за своите деца. Карп дошол со сопругата Акулина и двете мали деца во овој запуштен дел на Русија, место за кое без претерување може да се каже дека е „ ледена пустина“ .Во 1936 година, едно семејство на православни стари верници побегнало во шумата за да избегне верски прогон.

Двојката имала уште две деца во ова изолирано место , па шестмината живееле 43 години без контакт со цивилизацијата или човечко суштество. Децата комуницираа со врисоци, но сите беа исклучително интелигентни и физички силни.

Во 1978 година, тие биле откриени од група геолози кои им кажале се за надворешниот свет. Интересен е фактот што семејството Ликов не ни знаело дека се случила Втората светска војна.

Кај семејството Ликов геолозите останаа три години , а тоа скапо ги чинеше членовите на семејството. Иако не е докажано од што, постои сомневање дека тројца членови на семејството Ликов починале поради контакт со патогени со кои досега не се сретнале. Така останале живи само стариот Ликов и неговата најмлада ќерка Агафија, бидејќи мајката умрела од глад една година пред да дојдат кај нив геолозите .

По смртта на нејзиниот татко, Агафија Ликов живее сама во овој запуштен дел на Русија. Таа не сакаше да го напушти ова место и покрај сите предупредувања на луѓето кои ја посетија. Кога минатата година и кажаа за војната и за можната опасност што и се заканува, таа рече:

„Ова е мојот дом и не знам ништо подобро.

Инаку, Агафија 3 пати доаѓала во градот, се запознала со цивилизацијата по последните 30 години, а за тоа искуство зборувала вака:

„ Има толку многу автомобили, зошто толку многу? Толку многу чад излегува од нив, не можеш да дишеш“ , рече тогаш таа.

Откако нејзината приказна излезе во јавност, донаторите и изградија нова куќа со соларни панели што и овозможија да користи сателитски телефон.

Деновите ги поминува чувајќи 6 кози и грижејќи се за три мачки и едно куче што го нарекува Цветочек (Цвет).

Таа денес има 80 години и одлично здравје.

„Има ли нешто што би ја натерало да го напушти својот дом, веројатно не. Дури ни вселенската програма “, велат руските медиуми за Агафија.