Ова се гробиштата каде мајката од Кучево го оставила новороденчето: Девојчето го завиткала во облека, па го ставила во торба (фото)

Жената која беше уапсена под сомнение дека убила новородено девојче, по породувањето, го завиткала во облека, го ставила во торба и ја оставила на гробишта, е во притвор, а се чека обдукцијата на телото на детето, со цел да се утврди причината за смртта, како и психијатриски преглед на мајката.

Гробиштата каде што Д.Ѓ. го скрила детето е целосно напуштено, како и остатокот од селото Макче кај Кучево, каде жената се породила додека била кај својата мајка која ја посетила за Нова година и во чија куќа се породила. Не се знае точно каде на гробиштата жената го оставила бебето.

Полицијата го пронашла телото на бебето на гробиштата, откако мајката признала каде го оставила, до што стигнало кога лекарите од Општата болница ја алармирале полицијата.

Причина за тоа било што Д.Ѓ. пет дена по породувањето и- се слошило, па била пренесена во болница, а со детален преглед било утврдено дека неодамна се породила. Бидејќи детето го немало, лекарите биле должни да ја алармираат полицијата.

Мајката при сослушувањето признала дека го завиткала новороденчето во облека, го ставила во торба и го оставила на гробиштата. Телото на детето беше пронајдено таму на 6 јануари.