Ова се знаците на дехидрација на кои треба да обрнете внимание

Дехидрацијата може да влијае на различни системи на телото бидејќи водата е неопходна за нивно оптимално функционирање.

Очигледно е дека оваа сезона не очекуваат високи температури и неподносливи горештини. Од една страна ова може да значи незаборавно лето, но од друга страна го зголемува ризикот од дехидрација.

Кога температурата и влажноста се високи надвор, нашето тело губи вода преку кожата, белите дробови, бубрезите и дигестивниот систем. Дехидрација се јавува кога загубата на течност е поголема од внесувањето.

Дехидрацијата може да влијае на различни системи на телото бидејќи водата е неопходна за нивно оптимално функционирање. Еве ги симптомите кои може да укажуваат на дехидрација:

Вртоглавица

Намалениот волумен на крв поради губење течност може да предизвика слабост или вртоглавица, објаснува Кели Џонс, спортски диететичар. За овие симптоми може да придонесе и губење на електролити и шеќер во крвта за време на потењето.

Надуеност и запек

Дехидрацијата може да го влоши запекот. Хроничната дехидрација може да предизвика трајни проблеми со запек.

Жед

Чувството на жед е сигнал дека веќе сте дехидрирани. Добра идеја е да се хидрирате пред да почувствувате жед, особено ако имате над 65 години.

Темна урина

Недостатокот на вода предизвикува потемна, поконцентрирана урина.

Анксиозност и промени во расположението

Недостатокот на течности може да ги зголеми чувствата на намќор и негативност.

Намалено потење

Дехидрацијата може да ја намали способноста на телото да се пот, што го отежнува регулирањето на температурата.

Конфузија

Дехидрацијата може да влијае на когнитивните функции, што може да доведе до пад на концентрацијата и координацијата.