Ова се најголемите гробишта во светот, има повеќе тела отколку во 4 европски градови: „Сега има повеќе работа отколку кога дојдоа Американците“ ФОТО

Над шест милиони починати беа погребани на најголемите гробишта во светот – гробиштата Вади ал-Салам во светиот град Наџаф во Ирак, пишува The Sun. 

На тие антички гробишта се пронајдени останки на пророци, аристократи и научници.

Гледано од воздух, Вади ал-Салам наликува на град бидејќи гробиштата се преполни. Покрај тоа, гробиштата се протегаат на шест квадратни километри. Гробиштата зафаќаат 13 проценти од површината на градот Наџаф. На него има повеќе тела од жителите на Норвешка, Финска, Данска и Хрватска.

Вади ал-Салам

Вади ал-Салам буквално значи „долина на мирот“ на арапски.

Вработен во тамошната погребна компанија рече дека денес закопува повеќе луѓе отколку што неговиот татко погребал за време на Иранско-ирачката војна (1980 – 1988 година). Денеска, вели, е ,,позафатен” отколку што беше откако Американците дојдоа во неговата земја.

„Сан“ наведува дека бројот на погребани таму постојано се зголемува затоа што Ирак со децении минува низ разни конфликти. Во екот на војната во Ирак, која се одржа од 2003 до 2011 година, во Вади ал-Салам секој ден беа погребувани 250 луѓе.

Освен тоа, поради фактот што биле направени од мавзолеи и подземни катакомби, гробиштата служеле и како привремено засолниште за бунтовниците.

Вади ал-Салам

За да се одговори на барањето за погребни места, некои гробови дополнително се продлабочуваат. Посетителите можат да им оддадат почит на закопаните на поголеми длабочини со помош на голема скала. Има гробници во кои може да има и до 50 покојници.