Ова се најчестите зборови кои ги кажуваат луѓето кои се на смртна постела! Докторите откриваат за што најмногу жалат луѓето пред да заминат од овој свет
Д-р. Мина Чанг од Сан Франциско, која работи во одделот за палијативна нега, откри што најчесто слуша од пациентите кои умираат.
„Понекогаш велат нешто како: ‘Подготвен сум’ или ‘Не се каам’. Често нивните последни зборови се за нивните сакани. Слушаме зборови како: ‘Благодарам’, ‘Те сакам’, ‘Ти простувам’, ‘Те молам прости ми’ или ‘Збогум’“, истакнува д-р. Чанг.
Иако најчестата реченица што ја слуша е докторката е: „Не жалам“.
Од друга страна, медицинска сестра од Лос Анџелес, Џули Мекфејден, истакнува дека постарите луѓе се тие кои најмногу жалат затоа што животот го земале здраво за готово. Нејзината задача е максимално да ги намали страдањата на таквите пациенти и да се грижи за нивните емоционални и духовни потреби на крајот од животот.
Нејзиното искуство е дека луѓето обично кажуваат едноставно – „Те сакам“, пред да умрат и дека често ги повикуваат своите родители, кои обично се веќе одамна мртви.
„Многу луѓе мислат дека е како во филмовите – дека луѓето кажуваат драматична завршна изјава, нешто за што отсекогаш жалеле или тајна што отсекогаш сакале да ја споделат со сите. Не е така. Во секојдневните разговори со луѓе кои умирале, јасно кажуваат колку не го ценеле своето здравје. Многу работи земаме здраво за готово – фактот дека можеме да јадеме, да голтаме, да одиме, да живееме без болка. Многу луѓе велат дека тоа не го ценеле…“, вели оваа медицинска сестра.
Џули се осврнала на уште една вообичаена тема што се провлекува низ главите на луѓето кои умираат – многумина жалат што не биле во можност или не сакале да ги покажат своите чувства на своите најблиски.
„Ако некој бил во голема кавга, тие се прашуваат зошто не се помириле порано, зошто не се обиделе да ги решат работите порано. Тие жалат што чекале толку долго за повторно да се поврзат со некои од луѓето за кои се грижат“, вели сестрата.
Докторот за палијативна нега д-р. Симран Малхотра истакнува дека она што пациентот го кажува во последните моменти зависи од тоа колку години има: „Моите постари пациенти честопати кажуваат работи како – ‘Јас сум мирен’ или ‘Имав добар живот’. Додека помладите обично велат дека не се подготвени да умрат“.